Collector
Уапсен старец од Свети Николе – го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња | Collector
Уапсен старец од Свети Николе – го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња
Kurir

Уапсен старец од Свети Николе – го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња

Синоќа во 21:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.Ј.(71) од Свети Николе. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен поради постапување по претходна пријава од 40-годишна жена од Свети Николе дека во 18:00 часот во дворно место од куќа, во која живее пријавителката, пријавениот го покажувал неговиот полов орган на нејзиниот малолетен син и неговите другари. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Go to News Site