Kurir
Вториот член на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15 што беше соборен над Иран е спасен по големата операција за пребарување и спасување на југот од земјата, објавија американските медиуми. Би-Би-Си вели дека околностите на операцијата се уште се нејасни, но дека станува збор за операција од големи размери во која учествувале голем број сили. Според информациите добиени од Би-Би-Си, за време на операцијата имало судир меѓу американските и иранските сили. Исто така, се наведува дека спасениот член на екипажот веројатно бил повреден при катапултирање од соборениот авион.
Go to News Site