Collector
Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија | Collector
Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија
Kajgana

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија Филип Здравески 05.04.2026 / 11:26 Регион Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека специјалните единици на војската и полицијата пронашле експлозив со огромна разорна моќ во непосредна близина на гасоводот „Балкански поток“, кој ги поврзува Србија и Унгарија. Сомнителни предмети биле пронајдени во реонот на селата Велебит, Трешњевац и Војвода Зимоњиќ во Општина Кањижа, објавија белградските медиуми. Вучиќ појасни дека два големи пакети експлозив биле пронајдени со помош на кучиња трагачи на само неколку стотини метри од критичната гасна инфраструктура. Според неговите зборови, станува збор за материјал со таква разорна моќ што можел да предизвика огромна штета и да го загрози снабдувањето со енергенси на подолг период. Претседателот објави дека веќе го информирал унгарскиот премиер Виктор Орбан за случајот, нагласувајќи дека „постојат одредени индиции“ за инцидентот за кои во моментов не смее јавно да зборува. Опсежната безбедносна акција во Општина Кањижа започна рано утрово по одобрение на Вишото јавно обвинителство во Суботица. На теренот се ангажирани сите расположливи сили на Управата на криминалистичката полиција и Војската на Србија, вклучително и Специјалната 72-ра бригада. Како што пренесуваат медиумите, операцијата се спроведува со силна координација од земја и од воздух, при што теренот постојано го надлетуваат хеликоптери. Поради сериозноста на ситуацијата, полицијата и војската воведоа целосна блокада на повеќе патни правци, особено на потегот меѓу селата Трешњевац, Војвода Зимоњиќ и Велебит. Безбедносните служби продолжуваат со детално пребарување на пошироката околина за да се осигура безбедноста на виталните објекти. Србија гасовод Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site