Collector
Колекционерите на Балканот ќе платат најскапо за Panini сликичките од Мундијалот | Collector
Колекционерите на Балканот ќе платат најскапо за Panini сликичките од Мундијалот
Kajgana

Колекционерите на Балканот ќе платат најскапо за Panini сликичките од Мундијалот

Колекционерите на Балканот ќе платат најскапо за Panini сликичките од Мундијалот Филип Здравески 05.04.2026 / 11:49 Фудбал Panini сликичките за Светското првенство 2026 веќе привлекоа голем интерес кај колекционерите ширум светот, а првичните извештаи покажуваат големи разлики во цените меѓу земјите, поради што многу колекционери ќе се обидат да купат сликички во странство или преку интернет за да ги намалат трошоците за полнење на своите албуми. Според достапните информации, колекцијата на Panini за Светското првенство 2026 ќе биде најголемата досега, бидејќи за прв пат 48 национални тимови ќе учествуваат на првенството, што значи многу поголем број сликички отколку на претходните светски првенства. Проценките сугерираат дека албумот би можел да содржи околу 900 до 1.000 сликички. Ова ќе биде и убедливо најскапиот албум досега. Цените на сликичките значително варираат од земја до земја. Се очекува најевтините налепници да бидат во Соединетите Американски Држави, каде што пакетче од 7 сликички треба да чини околу 1 долар. Во Италија, Германија и Шпанија цената на пакетче треба да биде околу 1 евро, додека во Франција ќе биде околу 1,20 до 1,30 евра. Меѓу најскапите земји ќе биде Обединетото Кралство, каде што пакетче ќе чини помеѓу 1,70 и 2 фунти. На Балканот, цените традиционално се меѓу највисоките поради помалите пазари и увоз, па затоа се очекува цените да бидат повисоки отколку во повеќето земји од Европската Унија. Неофицијалните информации сугерираат дека пакетче во Босна и Херцеговина би можело да чини околу 3 КМ (95 денари), пренесува босанскиот портал Klix. Албумот ќе чини околу 4 до 6 евра или фунти во повеќето земји, додека почетните пакети, кои го вклучуваат албумот и неколку пакетчиња, ќе чинат околу 10 до 12 долари во САД, или околу 4 до 5 фунти во Обединетото Кралство. Колекционерите истакнуваат дека најскапиот начин да се пополни албум е да се купат поединечни пакетчиња без да се разменуваат сликички. Проценките покажуваат дека комплетирањето на комплетен албум со купување само пакетчиња би можело да чини повеќе од 1.500 евра или фунти, додека со размена на дупликати и нарачка на оние што недостасуваат преку интернет, албумот може да се комплетира за околу 300 до 500 евра. Затоа, на колекционерите им се препорачува да купуваат поголеми кутии со пакетчиња, да разменуваат дупликати со други колекционери и на крај да ги нарачаат сликичките што им недостасуваат, бидејќи е најевтиниот начин да се комплетира албумот. Светското првенство 2026 ќе се одржи во Канада, САД и Мексико, а се очекува колекцијата налепници Panini да биде најпродавана досега токму поради поголемиот број репрезентации и огромниот пазар во Северна Америка. Воедно, се очекува Panini да се извади за последните катастрофални колекции, особено изданијата за ЕУРО 2020 и Мундијалот 2022, што резултираше со тоа УЕФА да им го продолжи договорот и да потпише со американскиот Topps за последното Европското првенство во 2024 година. Тоа беше голем удар за Panini кој изгуби огромни планирани приходи. Panini СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site