Collector
Интер ја декласираше Рома и направи одлучувачки чекор кон ново Скудето | Collector
Интер ја декласираше Рома и направи одлучувачки чекор кон ново Скудето
Kajgana

Интер ја декласираше Рома и направи одлучувачки чекор кон ново Скудето

Интер ја декласираше Рома и направи одлучувачки чекор кон ново Скудето СЕРИЈА А 2025/2026 Филип Здравески 06.04.2026 / 09:06 Фудбал Во 31. коло од италијанската Серија А, Интер ја победи Рома со 5:2 на „Џузепе Меаца“ и се зацврсти на врвот на табелата преед вечерашната директна пресметка на неговите два ривала за титулата, Милан и Наполи. Натпреварот започна жестоко за домашниот тим. Уште во првата минута Маркус турам одлчично продрем по десната страна, го пронајде Лаутаро Мартинес во шеснаесетникот, а капитенот на домашните погоди за рано водство на Интер од 1:0. По шокантниот почеток, Рома успеа да воспостави рамнотежа и по неколку пропуштени полушанси дојде до израмнување. Во тек беаше во 40-тата минута кога Девајн Ренч од лево нафрли кон петерецот, а таму домашните заборавија на Џанлука Манчини кој со глава го совлада Јан Зомер за 1:1. Кога се чинеше дека на пауза ќе се оди со реми, Хакан Чалханолу го направи потегот на натпреварот во втората минута од судиското продолжение. Испука вистински проектил од 20 метри, погодувајќи под пречката зад беспомошниот Миле Свилар за водство на Интер од 2:1. Второто полувреме беше целосно во рацете на домашниот тим. Во 52. минута енергичниот Турам по вторпат му намести на Лаутаро, а Аргентинецот зголеми на 3:1 со својот втор гол на натпреварот. Само три минути подоцна, по брилијантно изведениот корнер од Чалханолу, Турам скокна и го постигна четвртиот гол за Интер со прецизен удар со глава. Доминацијата на домашниот тим продолжи и во 63. минута. Одбиената топка во шеснаесетникот стигна до Никола Барела, кој рутински ја смести во мрежата за 5:1. До крајот на натпреварот Рома успеа само да ја ублажи катастрофата. Во 70-тата минута, Лоренцо Пелегрини ги постигна конечните 5:2. Remote video URL Интер сега има 9 бодови предност пред Милан и 10 пред пред Наполи, но со натпревар. Имено, токму Наполи и Милан играта вечерва од 20.45 на „Диего Марадона“ стадионот во Неапол. Сепак, со победата над Рома се чини дека „Нераѕурите“ направија одлучувачки чекор во борбата за Скудетото. Во следното коло, Интер ќе игра на гости против незгодниот Комо в недела. Серија А Интер Рома Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site