Kajgana
Кириите во германските градови пораснале за 43% за 10 години Филип Здравески 06.04.2026 / 14:10 Свет Цените за изнајмување станови во германските градови во последните десет години во просек пораснале за 43%, а во некои градови, како Берлин, растот достигнува до 69%. Според податоците, станарите денес плаќаат во просек 43% повеќе отколку пред 10 години, а во Берлин и Лајпциг зголемувањето е близу 70%. Во Берлин, цената по квадратен метар пораснала од 9,02 евра во 2016 година на 15,25 евра во 2025 година, додека во поатрактивни делови надминува 20 евра. Најскапиот град останува Минхен, каде просечната кирија изнесува 21,29 евра по квадратен метар, следен од Франкфурт (16,58 евра) и Штутгарт (16,06 евра). Германија Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site