Kajgana
Ќе нема вода во делови од Аеродром и Центар Филип Здравески 07.04.2026 / 08:02 Македонија Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска: · поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа Ф-150 мм на улицата „Божидар Рајковиќ“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ и дел од Горно Лисиче, Општина Аеродром. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. · поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-200 мм на улицата „Партеније Зографски“ бр. 49 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Партеније Зографски“, Општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности. Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site