Kurir
Сончево и топло се очекува да биде времето денеска, а синоптичарите најавија температура до 26 Целзиусови степени. Според најавите, температурата ќе се движи во интервал од 1 до 26 Целзиусови степени во текот на денот низ државата. Минималната температура во Скопје се очекува да биде пет степени, а максималната да достигне 25 степени. Според УХМР, од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.
Go to News Site