Collector
Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД | Collector
Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД
Kurir

Ирански министер повика со живи синџири да се штити инфраструктурата поради заканите од САД

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, го повика населението, вклучително младите, уметниците и спортистите, да формира живи синџири околу електроцентралите низ земјата, како реакција на заканите од САД за напади врз енергетската инфраструктура. Тој апелираше акцијата да се одржи во 11:30 часот по средноевропско време, истакнувајќи дека целта е да се испрати порака против нападите врз цивилни објекти. „Ќе се држиме за раце за да покажеме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, изјави Рахими во видео-порака пренесена преку медиумите. Повикот следува по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе извршат напади врз цивилна инфраструктура во Иран, вклучително мостови и електроцентрали доколку не биде отворен Ормускиот теснец.

Go to News Site