Kurir
Копривата е природно, непрскано растение кое е богато со железо и многу други минерали и витамини треба да биде вклучено во нашата исхрана што е можно повеќе. Оваа здрава и едноставна супа е еден начин на кој можете да ја консумирате... Состојки: 500 грама млади врвови од коприва 2 чешниња лук 1 пиперка малку масло 2 лажици брашно 1 коцка супа (зеленчукова) 2 литри вода 2 јајца мелен бибер и сув зеленчук за сервирање павлака Подготовка: Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното. Додадете ја исецканата коприва и пропржете ја да омекне, прелијте со вода и додадете коцка супа и зачини и гответе полупокриено околу 20 минути. Изматете ги јајцата со вилушка и измешајте, послужете со павлака.
Go to News Site