Kurir
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека се уредуваат пешачките патеки во Градскиот парк и дека се обновува урбаната опрема. „Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци. Паркот го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите. Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации“, напиша градоначалникот.
Go to News Site