Collector
Зоолошката во Битола ќе добие нови жители | Collector
Зоолошката во Битола ќе добие нови жители
Kajgana

Зоолошката во Битола ќе добие нови жители

Зоолошката во Битола ќе добие нови жители Филип Здравески 07.04.2026 / 11:17 Македонија Во зоолошката градина во Битола денеска се очекуваат да пристигнат нови жители – мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури и коати од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал и буву буву, соопштија од Општина Битола. Од таму додаваат дека зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекта. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба. Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари, и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик. Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување и на оплеменување на живеалиштата. Зоолошка градина Битола Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site