Collector
ВЛАДА: Завршена изградбата на улицата „Живко Чинго“ во Општина Свети Николе | Collector
ВЛАДА: Завршена изградбата на улицата „Живко Чинго“ во Општина Свети Николе
Kurir

ВЛАДА: Завршена изградбата на улицата „Живко Чинго“ во Општина Свети Николе

Владата преку социјалните мрежи информира дека завршена е изградбата на улицата „Живко Чинго“, крак 1 во Општина Свети Николе. Како што посочуваат, со ова се унапредува локалната патна инфраструктура и се подобрува сообраќајната поврзаност во овој дел од општината. -Со новата улица се обезбедува побезбедно и поефикасно движење, уреден пристап до домовите и подобрено секојдневно функционирање на жителите, создавајќи современа и безбедна урбана средина. Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина, информираат од Владата.

Go to News Site