Kajgana
Вечерва почнува четвртфиналето во ЛШ со битка на титаните во Мадрид УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ЧЕТВРТФИНАЛЕ Филип Здравески 07.04.2026 / 12:07 Фудбал Лигата на шампионите се враќа вечерва со два четвртфинални натпревари, а еден од најинтересните судири е дуелот помеѓу Реал Мадрид и Баерн. Реал стигна до четвртфиналето по две победи против Манчестер Сити, а добро се снаоѓаше и во Ла Лига до саботата кога беше шокантно поразен на гостувањето кај Мајорка. Од друга страна, Баерн имаше полесна работа во осминафиналето, каде што ја елиминираше Аталанта со два триумфа. Во Бундеслигата претежно победуваше, а неодамна ремизираше само со Баер. Судирите меѓу Реал и Баерн обично нудат интересни натпревари со голем број голови. Во последните пет меѓусебни натпревари двата тима постигнаа барем еден гол. Реал вечерва нема да игра со Куртоа, Менди и Родриго, додека Себаљос е под знак прашалник. кај Баерн надвор од игра е само голманот Улрајх. Elite forwards on the ultimate stage #UCL pic.twitter.com/894TB4vP3O — UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 6, 2026 Овие два тима не се сретнале од пролетта 2024 година, кога Реал Мадрид на мускули го доби нокаут дуелот, откако ремизираше на „Алијанц“ (2:2) и славеше пред домашната публика (2:1) и остана во Лигата на шампионите. Од друга страна, германскиот шампион беше далеку поуспешен во основната фаза од Лигата на шампионите 2025/2026, завршувајќи на второто место, со само еден пораз, додека мадридскиот тим мораше да помине низ плејоф со Бенфика за да се пласира во осминафиналето на елитното натпреварување. Вториот натпревар вечерва во Лисабон ќе го играат Спортинг и Арсенал, а Англичаните влегуваат во овој двомеч како големи фаворити. Спортинг неодамна ја подобри формата со три последователни триумфи во сите натпреварувања, што не може да се каже за Арсенал, кој загуби во двата англиски купови од Манчестер Сити и Саутемптон. Кај Спортинг суспендиран е Хјулманд, додека повредени се Нуну Сантуш, Фотис Јоанидис и Луис Гиљерми. Арсенал ќе биде без петмина и тоа Еберечи Езе, Пјеро Инкапје, Микел Мерино, Букајо Сака и Јуријен Тимбер. Sporting CP at home #UCL pic.twitter.com/NaFpXs7G2w — UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 6, 2026 Лондонскиот тим мора да има предвид и дека неговиот противник го исфрли Боде/Глимт, чиј остар, паметен и ефикасен фудбал со месеци ја воодушевуваше Европа, особено оние што секогаш се на страната на „малите“, потценетите и отпишаните. Дуелот Реал Мадрид - Баерн ќе може да го гледате на Arena Premium 2, додека спортинг Арсенал во живо ќе оди на Arena Premium 3. Лига на шампиони Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site