Collector
(ВИДЕО) Престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул, убиени двајца напаѓачи | Collector
(ВИДЕО) Престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул, убиени двајца напаѓачи
Kurir

(ВИДЕО) Престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул, убиени двајца напаѓачи

Двајца напаѓачи се убиени во престрелка со безбедносните сили пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на полицијата во Истанбул. Медиумот посочува дека во инцидентот е ранет и третиот осомничен, а исто така, повредени се и двајца полицајци. На социјалната мрежа „Икс“ објавено е видео од налогот на „Asayiş Berkemal“. Асајиш Беркемал е турски бренд на социјалните медиуми и креатори на содржини поврзани со полицијата, вести за јавната безбедност и сообраќајни инциденти. Levent'te bulunan İsrail Konsolosluğu'na saldırı düzenlendi. Yaralılar var. pic.twitter.com/JfInvEpmME — Asayiş Berkemal (@asayisberkemal0) April 7, 2026 Снимките покажуваат засилено безбедносно присуство околу зградата на конзулатот во населбата Левент, во општината Бешикташ. Мотивот за нападот, како и дали конзулатот бил директна цел, засега не се познати.

Go to News Site