Collector
Пешевска: Наместо дебата за заштита на жените, опозицијата приреди политички театар | Collector
Пешевска: Наместо дебата за заштита на жените, опозицијата приреди политички театар
Kurir

Пешевска: Наместо дебата за заштита на жените, опозицијата приреди политички театар

На денешната седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо суштинска расправа за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жени, се случи обид за политички перформанс, изјави пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, седницата, која требало да биде посветена на сериозна тема што директно влијае врз животите на граѓаните, била пренасочена кон дневно-политички препукувања. Пешевска посочи дека претставничките од опозицијата, кои како што рече ретко учествуваат во работата на Комисијата, денес се појавиле со намера да создадат хаос и да ја оттурнат дебатата од суштинските прашања. „Во момент кога зборуваме за заштита на жените од насилство, ваквото однесување не е само несериозно, туку и длабоко неодговорно“, изјави таа. Таа додаде дека наместо конструктивен придонес, на седницата имало блокада, а наместо конкретни решенија – политички театар. Според Пешевска, изнесените барања не биле насочени кон подобрување на стратегијата, туку кон остварување личен политички публицитет. „Ова не е тема за маркетинг, туку за сериозна работа, посветеност и континуитет“, нагласи таа, додавајќи дека граѓаните очекуваат одговорно однесување од своите претставници. Таа порача дека е неопходно сериозните општествени прашања да престанат да се користат за политички поени и да станат вистински приоритет. „Жените бараат заштита, а тоа е обврска што мора да се исполни“, истакна Пешевска.

Go to News Site