Kurir
Откако другарчето на Заев беше еден од главните фраери на вчерашни „тобожни“ протести за двојазичноста во Македонија, Закон кој меѓу другото го донесоа токму пајташите Заев и Ахмети за мир во коалициско-тендерашка куќа, денеска СДС продолжува да ги брани и поддржува антимакедонските протагонисти. Стара, лоша навика на Заевци, која сега ја продолжуваат Венко, Шмрчко, Жерновски и Богданка. Не бадијала, ајваните на Шмрчко денеска го нападнаа премиерот Мицкоски со инфантилен вокабулар за дестабилизации, изолации и ред други глупоштии: “За ова прашање треба да се најде решение и јазикот не е прашање во 21-ви век. Дефинитивно треба да се најде решение за да може секој да ужива во основните човекови права за она што е согласно закон. Меѓутоа, она што е проблем и што главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицковски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. Овие прашања беа затворени прашања, но откако владата а на Мицковски и владата на ВМРО е на власт, повторно се поставуваат прашања за поделби.“ стокмија пи-арџиите од СДС. Толку од глумењето патриотизам од врхушката на СДС. И онака, не им стоеше. Следно пак ќе почнат да го верглаат она на С. Тоа, пак, фантастично им прилега “ко саливено'. За нивна жал, кога сме кај дестабилизации и изолации, денеска владина делегација составена од многу министри е во Стејт депарментот во САД, каде се продлабочува стартешкото партнерство со Вашинготн, чин потпишан од владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2008-та година. Она, за што Фани Сорос тврдеше дека тие го потпишале, за греаота. Паријата чиј секретар за меѓународна соработка на знае што значи НАТО. Чиј член на ИО шмрка како правосмукалка. Друг член осуден на затвор за злоупотреба на службената положба. И така натаму...
Go to News Site