Collector
Претепан контролор на ЈСП: Затекнал патник без билет, па добил ќотек | Collector
Претепан контролор на ЈСП: Затекнал патник без билет, па добил ќотек
Kurir

Претепан контролор на ЈСП: Затекнал патник без билет, па добил ќотек

На 06.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријави дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица. Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Go to News Site