Collector
Иран, САД и нивните сојузници се согласиле за итен прекин на огнот | Collector
Иран, САД и нивните сојузници се согласиле за итен прекин на огнот
Kurir

Иран, САД и нивните сојузници се согласиле за итен прекин на огнот

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф утрово објави дека Иран, САД и нивните сојузници се согласиле за итен прекин на огнот, што стапува на сила веднаш и ги опфаќа сите конфликтни зони, вклучувајќи го и Либан. Шариф изјави на Икс дека двете страни покажале „извонредна мудрост и разбирање“ и останале конструктивно ангажирани со цел да се постигне мир и стабилност. Пакистанскиот премиер, исто така, ги покани делегациите од Иран и САД да дојдат во Исламабад во петок, 10 април, за да продолжат преговорите за конечен договор за решавање на сите спорови. Во последните денови, Шариф одигра важна улога во обидите за дипломатско посредништво меѓу завојуваните страни, а вчера го замоли американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи планираната ескалација на нападите врз Иран, објави „Гардијан“. Тој изрази надеж дека претстојните „разговори во Исламабад“ ќе доведат до одржлив мир и најави можност за нови позитивни вести во наредните денови. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели. Кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот во траење од две недели, иранските власти објавија соопштение во кое го потврдуваат договорот, велејќи дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина“.

Go to News Site