Collector
Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран | Collector
Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран
Kajgana

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран Филип Здравески 08.04.2026 / 09:06 Бизнис Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави CNBC. Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад. Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните short squeeze моменти во периодот на конфликтот. Најголеми ликвидации имало кај биткоин и етер, а падот на цената на нафтата дополнително влијаел врз пазарите. Примирјето е условно, со ограничено отворање на Ормускиот Проток, што остава неизвесност за понатамошниот развој. Биткоинот сега се движи на горната граница од својот опсег, а идното движење ќе зависи од тоа дали примирјето ќе се одржи или ќе се покаже како краткотрајно. биткоин САД Иран Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On

Go to News Site