Kurir
Денеска се одбележуваат 117 години од раѓањето на Круме Кепески македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика. Тој е роден на 8 април во 1909 година во Прилеп. Македонска граматика е објавена во 1946 година, а Кепески бил и коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела. Професорот Круме Кепески, како еден од основоположниците на современиот македонски литературен јазик, се вбројува меѓу личностите кои што со своето дело ставаат свој печат во поновата историја на македонскиот народ. Умрел на 3 ноември 1988 година.
Go to News Site