Kurir
Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (08.04.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. -Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираат од ЈСП.
Go to News Site