Collector
Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Ромите | Collector
Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Ромите
Kurir

Честитка од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Стоилковиќ по повод Меѓународниот ден на Ромите

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок. -Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството. Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите права и можности за сите граѓани, како и на градење општество на единство, заедништво и меѓусебна почит, без поделби по кој било основ. Министерството за односи меѓу заедниците ќе продолжи со активни политики насочени кон зајакнување на положбата и вклученоста на ромската заедница во сите општествени процеси. На сите припадници на ромската заедница им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, стои во честитката на Стоилковиќ.

Go to News Site