Kajgana
Премиер лигата обезбеди 5 екипи во Лигата на шампионите Филип Здравески 08.04.2026 / 12:41 Фудбал Премиер лигата ќе има најмалку 5 претставници во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја освои оваа привилегија втора година по ред благодарение на коефициентот. Петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата беше потврдено синоќа вечерта со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. УЕФА им доделува дополнително место на двете лиги кои имаат најдобар годишен коефициент врз основа на вкупните перформанси на клубовите во сите европски натпреварувања. Победата на Арсенал, заедно со фактот дека девет клубови од Премиер лигата стигнаа до осминафиналето на европските купови, ѝ дадоа на Премиер лигата убедливо прво место на оваа табела. Добрите резултати на англиските клубови во лигашката фаза од трите натпреварувања на УЕФА многу придонесоа за ова. Како што стојат работите во овој момент, Ла Лига ќе биде втора на оваа табела, па така и Шпанија ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите. Сепак, таа „борба“ сè уште не е завршена бидејќи Баерн го победи Реал во вторникот, а Фрајбург сè уште не играл против Селта. Ако сè оди добро, Премиер лигата би можела да има 6 клубови во Лигата на шампионите следната сезона. За тоа, би било потребно Ливерпул да ја освои Лигата на шампионите или Астон Вила да ја освои Лига Европа, а во исто време да меѓу првите пет на табелата во Премиер лигата. Во тој случај, Ливерпул или Астон Вила би добиле место во Лигата на шампионите со освојување на европски трофеј, што значи дека шестопласираниот тим во Премиер лигата би играл во Лигата на шампионите. Доколку се случи и Ливерпул и Астон Вила да освојат европски трофеи и да завршат на петтото или шестото место на табелата, тогаш седмопласираниот тим во Премиер лигата би имал место во Лигата на шампионите. Нотингем Форест е исто така во четвртфиналето на Лига Европа. Доколку се случи „Шумарите“ да го освојат трофејот, тогаш, како и минатата година со Тотенхем, би се случило клубот од долната половина на табелата во Премиер лигата да оди во Лигата на шампионите, а Премиер лигата да има 6 претставници во најсилното европско натпреварување. Премиер лига Лига на шампиони Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On
Go to News Site