Kurir
На 07.04.2026 во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавно дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од И.Д.(41) од Охрид. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР. По наредба јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Go to News Site