Kurir
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го поздрави двонеделното примирје на Блискиор Исток истакнувајќи оти Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат тристраните мировни преговори за Украина. -Ја поздравуваме одлуката да не се оди по патот на вооружена ескалација... Се надеваме дека во блиска иднина (САД) ќе имаат повеќе време и повеќе можност за состанок во трилатерален формат - посочи Песков алудирајќи на разговорите помеѓу Русија, Украина и САД. Русија претходно соопшти дека мировните преговори за Украина се на пауза поради војната на Блискиот Исток. (МИА)
Go to News Site