Collector
Мицкоски: Започна реконструкцијата на „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари | Collector
Мицкоски: Започна реконструкцијата на „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари
Kurir

Мицкоски: Започна реконструкцијата на „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари

Интегрален текст од изјавата на премиерот Мицкоски: „Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, најпрвин ќе ми дозволите да го честитам Светскиот ден на Ромите  8 ми Април, да им посакам на сите наши сограѓани Роми пред се успех во животот, тоа е многу важно. Се разбира здравје и среќа, истото им го посакувам на сите граѓани. Но, денеска е ден во кој што треба да се потсетиме на сето она коешто можеби во годините и децениите во минатото сме го пропуштиле. Истото тоа да го препознаеме и во иднина сето она кое што е пропуштено да го надоместиме, односно да го реализираме и во таа насока е и оваа денешна посета овде во Шуто Оризари. Да покажеме дека оваа Влада ја препознава општина Шуто Оризари и сака да помогне во делот на реализирање на инфраструктурни проекти. Градоначалникот спомена дека станува збор за  58 проекти со вкупна вредност отприлика 4 и половина милион евра, некаде околу 275 милиони денари. Но, и покрај проектите кои што се финансирани преку првиот и вториот повик од Министерството за локална самоуправа, за што му благодарам и на министерот кој што е денеска со нас, имаме проекти кои што се реализираат и преку други ресори во Владата, како што е Министерството за транспорт, за што му благодарам на заменик- претседателот на Влада и министер за транспорт, исто така му благодарам и на градоначалникот на Град Скопје којшто заедно со градоначалникот на Шуто Оризари допринесува да понатаму имаме јасни планови за развој на општина Шуто Оризари. Исто така сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на општината, на Советот кој што ја подржува работата на градоначалникот, на администрацијата која што секогаш е тука да помогне при реализацијата на новите проекти, на колегите од владата затоа што без целосен концепт ние не ќе можеме да ги реализираме овие проекти бидејќи со пролета  градилиштата повторно се формираа и ние сега имаме на илјада и двесте точки отприлика на целата држава градежна механизација и оператива која што работи на реализирање на проекти од првиот и од вториот повик. Мојата порака и до градоначалниците тука е да се подготвуваат бидејќи до година повторно ќе имаме, само да видиме какви ќе бидат можностите во буџетот, повторно ќе имаме таков повик за да можат да реализираат проекти кои што ќе значат дополнителна вредност во квалитетот на животот на граѓаните во општините. Така што ова е би рекол една хармонична соработка помеѓу сите стејхолдери, помеѓу сите страни, Владата, општините, нормално и граѓаните. Нормално јас очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина. Уште еднаш благодарност за сите кои се вклучени, на граѓаните за трпението и толеранцијата која ја имаат при реализацијата на овие проекти, но сепак кога ќе се заврши сето ова, тие непријатности од повеќе прашина, од повеќе сообраќаен метеж ќе бидат заборавени и тогаш ќе имаме инфраструктура која што ќе го подобри квалитетот на животот на истите.“

Go to News Site