Collector
Законот за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација, вели Мицкоски | Collector
Законот за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација, вели Мицкоски
Kurir

Законот за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација, вели Мицкоски

Законот за правичната застапеност, покрај соодветна застапеност, ќе го подобри квалитетот на работа на администрацијата, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања кој присуствуваше на реконструкција на улица во општина Шуто Оризари. Законот наскоро треба да оди во собраниска процедура, ги поминал сите филтри на Владата, добил позитивно мислење од Венецијанската комисија и покрај правичната застапеност ќе понуди и квалитет, што како што посочи премиерот, досега можеби не бил ставен во фокусот. - Јас мислам дека со овој закон за правична застапеност, конечно ќе се надминат сите стереотипи од минатото, сите антиуставни елементи, сето она коешто претставуваше би рекол „камен на сопнување“ во минатото. Конечно се нуди решение кое ќе ги реши овие проблеми и да можеме сите заедно правично застапени да ја градиме нашата заедничка татковина, Македонија - изјави Мицкоски. Премиерот смета дека главна цел на носење на законот е подобрување на квалитетот на функционирањето на администрацијата. Тој дополни дека како Владата и тој како претседател се согласиле на условите кои биле побарани од синдикатите - Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ на последната седница на Економско-социјалниот совет во однос на зголемување на платите,и нагласи оти е важно да се добие подобар квалитет од администрацијата. - Тоа ни е главна цел. Јас на последниот Економско-социјален совет пред партнерите, но и пред синдикатите на синдикалните подружници во администрацијата и САДУ и УПОЗ, се согласија на условите како претседател на Влада, на условите коишто тие ги бара од Владата. Но тогаш, поставив едно прашање дали сте вие сложни да ние го мериме задоволството на граѓаните од работата на администрацијата. Ние веќе тоа го мериме трет месец по ред - рече премиерот. Мицкоски нагласи дека денеска нема да ги споделува бројките, но најави дека на следната седница на Економско-социјалниот совет, ќе ги претстави пред партнерите. - Затоа што еве историски договор, историски покачувања на платите, сето она што се бараше од нас како Влада ние го направивме, сега очекуваме заедно со граѓаните од страна на администрацијата да добиеме подобар квалитет- изјави премиерот. Тој додаде дека е свесен оти со едно законско решение не може да се реши се, нагласувајќи дека е потребна свест и да се работи и на менталитетот, и повтори дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги претстави резултатите пред партнерите.

Go to News Site