Kurir
Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот „Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања. Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно е што Алијанса на Албанците повторно го конкретизира случајот со Илир Мета во Македонија и му порача на пратеникот Снопче да не биде користен за манипулации. „Кога зборував со случајот на Илир Мета, чудесно е што сите провладини медиуми во Албанија напишаа колумни со исти тези против мене кои што сега вие ги кажавте. Чудесно е вие имате исто мислење со сите провладини медиуми во Албанија. Односите со Албанија се одлични, такви биле, такви се и такви ќе останат. Но ме зачудува после две три недели пак ја отварате темава. Но би Ве прашал дали е вистина дека откако вашиот претседател Арбен Таравари западна во проблеми со случајот „Ѓока”, отишол кај премиерот на Албанија, Еди Рама да бара помош и премиерот Рама му рекол: Jас можам да ти помогнам, но повеќе од мене може да ти помогне Али Ахмети и така Ве паркираа во коалиција со Али Ахмети. Исто така, ако на ова во Албанија има некој што да каже слободно нека каже, нека не Ве користат вас како „прокси” навистина непријатна улога Ви дале. Знам дека скандалот со Ѓока е огромен, но функцијава која Ви ја даваат е крајно непријатна. Со пријатели вака не се постапува. И третата работа што ја кажувам е лична. Илир Мета ми е пријател, сум бил кај него неколку пати сам и фамилијарно, сме се дружеле и ќе се дружиме. И кога бил во зенитот на поличката моќ и денес кога веројатно ги доживува најтешките моменти во политичкиот живот. Јас не се окажувам многу лесно од пријателите. Ме знаат сите пријатели во ВМРО – ДПМНЕ, чесно е да го подржувам, а нека им служи на чест на тие кои наредија да го тепаат на автопат и случајно да има камери и да снимаат и еве две години да го држат во притвор. Тоа само во едноумието се случуваше во времето на Тито и во времето на Енвер Хоџа” – му одговори вицепремиерот Николоски на пратникот Халил Снопче.
Go to News Site