Collector
Времеплов: Кога Аѕурите изгубија од четвртолигаш | Collector
Времеплов: Кога Аѕурите изгубија од четвртолигаш
Kajgana

Времеплов: Кога Аѕурите изгубија од четвртолигаш

Времеплов: Кога Аѕурите изгубија од четвртолигаш Филип Здравески 08.04.2026 / 14:35 Фудбал 6 април 1994 година. Датум што годинава одбележа 32 години, и таков што ниту еден италијански навивач не сака да го памети. За што се работи? Она што веројатно (пред мундиајлските неуспеси во последните 12 години), иако не по важност, беше еден од најлошите порази на „Аѕурите“. Во пресрет на претстојното Светско првенство во Соединетите Американски Држави, селекторот на „Аѕурите“, Ариго Саки, тогаш свика тренинг камп во базата Коверчано, кој вклучуваше и контролен натпревар против тимот на Понтедера, клуб тогаш во Серија Чи2, односно четврта лига. Натпреварот, по важност, беше споредлив со тренинг натпревар и веројатно беше лесно прифатен од шампионите во националниот тим. Многу лесно, бидејќи на полувреме резултатот гласеше 2:0. Но, за Понтедера! „Аѕурите“, откако ја сфатија големината на она што се случуваше, го опседнаа шеснаесетникот на противникот, но не можеа да направат ништо повеќе од утешниот гол на Даниеле Масаро и испишаа вистински историски срам. Непредвидлив, немилосрден и нелогичен пораз на кој дури и главните национални спортски публикации не можеа, а да не се потсмеваат, како што покажува фотографијата од ансловната страница на најтиражниот италиајснки весни, La Gazzetta dello Sport, со наслов: „На Мундијалот Понтедера“. Remote video URL „Аѕурите“ заминаа на Мундијалот 1994 каде стигнаа до финалето, а таму загубија од Бразил, погодувате, на пенали! И неверојатно е како денес Италиајнците всушност копнеат да се вратат во тие времиња, копнеат по моментите кога, како подготовка за Светското првенство загубија пријателски меч против нисколигашот Понтедера. Копнеат бидејќи сега, трет Мундијал по ред нема да учествуваат. А, кога станува збор за Понтедера,а овој клуб веројатно слушнале само страстните обложувачи. Истоимениот град од 30 илјади жители се наоѓа помеѓу Пиза и Фиренца, 20 километри југоисточно од Пиза, а 50 западно од Фиренца. На фудбалски план, таа сезона 1993/1994 заврши втора во групата Би во Серија Чи2 и избори пласман ранг погоре, во Чи1, односно третата лига. Интересно, таа сезона Понтедера беше единствената екипа во цела Италија која не беше поразена, ете, дури и на пријателска против најдоброто од Чизмата. Но, Понтедера никогаш не успеа да мрдне од третата лига, а од 2001 почна и да паѓа, сѐ до петтата лига. Денес се натпреварува во третата лига, Серија Чи, во групата Би каде е убедливо последна и ќе игра бараж за опстанок. времеплов Италија фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site