Kajgana
Италија го сака Анчелоти за по Мундијалот, тој има устен договор со Бразил Филип Здравески 08.04.2026 / 15:43 Фудбал Извештаите во Јужна Америка покажуваат дека Карло Анчелоти наскоро ќе го продолжи договорот со репрезентацијата на Бразил, што ќе ја исклучи секоја можност тој да го замени Џенаро Гатузо на позицијата селектор на неговата родна Италија. Анчелоти е селектор на Бразил само малку повеќе од една година, откако се приклучи на „Селесау“ во мај 2025 година по завршувањето на неговиот втор мандат во Реал Мадрид. Потпиша почетен договор кој ќе го држи до крајот на претстојното Светско првенство 2026. Според најновите информации од ESPN во Бразил, Анчелоти има устен договор за продолжување на договорот за уште четири години, до летото 2030 година, односно заклучно со Светското првенство 2030. ESPN сугерира дека Анчелоти би можел да стави потпис на хартија за официјално продолжување на договорот во следните неколку дена. Извештајот од вторникот тврди дека Бразилската фудбалска конфедерација ги финализирала деталите за новиот договор претходно оваа недела, а сега, сè што недостасува е потписот на Карло и последните правни проверки. Деталите се договорени, а Бразилската фудбалска конфедерација верува дека конечниот договор од адвокатите на Анчелоти е повеќе формалност отколку што било друго. Анчелоти е подготвен да ја задржи својата сегашна плата, што значи дека тој сè уште ќе биде најплатениот селектор во историјата на бразилската репрезентација. Се вели дека заработува околу 10 милиони евра по сезона, без да се сметаат бонусите. Ова го исклучува од трката за преземање на функцијата селектор на италијанската репрезентација по заминувањето на Џенаро Гатузо за време на викендот. Најновите извештаи покажуваат дека Антонио Конте од Наполи и Масимилиано Алегри од Милан се моментални фаворити. Анчелоти, иако важи за еден од најголемите стратези на сите времиња, никогаш ја нема водено Италија. Но, на почетокот на својата кариера му беше асистент на селекторот Ариго Саки од 1992 до 1995 година, кога Италија играше финале на Мундијалот 1994 во САД и каде загуби на пенали токму од Бразил. Доколку потпише нов договор со Бразил, би имал 71 година по неговото истекување летото 2030. Карло Анчелоти Италија фудбал Бразил фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site