Collector
Анализа: ,,ЗБУНЕТИОТ ФИЛИПЧЕ И НАЦИОНАЛНОТО ПРЕДАВСТВО‘‘ | Collector
Анализа: ,,ЗБУНЕТИОТ ФИЛИПЧЕ И НАЦИОНАЛНОТО ПРЕДАВСТВО‘‘
Kurir

Анализа: ,,ЗБУНЕТИОТ ФИЛИПЧЕ И НАЦИОНАЛНОТО ПРЕДАВСТВО‘‘

Венко Филипче: ,,Сега кажувам по трет пат во изминатите 3 недели - Христијан Мицкоски прави национално предавство на македонските национални интереси!‘‘ Оваа изјава на претседателот на СДСМ само зборува колку тој и неговата партија се наоѓаат во зона надвор од реалноста. Колку не ги разбрале пораките од народот на последователни 3 изборни циклуси и колку немаат намера да го сменат поданичкиот однос кон Бугарија. Дополнително што Филипче не разбира или не сака да разбере зошто досегашните чекори на владите на СДСМ биле и се предавство на националните интереси. Ако веќе е свесен дека премиерот и владеачката партија немаат ништо против вметнување на Бугарите и другите национални малцинства во уставот, тогаш зачудува фактот како не му е јасно зошто таа последна отстапка кон Софија, без соодветна гаранција и реципроцитет значи крај за македонските национални интереси. Како е можно Филипче да не гледа што се крие не зад отворената, туку зад подотворената врата на ЕУ? Дали во ,,раката на срце‘‘ и лагите на Заев верува само уште тој и неговата партиска раководна свита? Дали навистина не разбираат/не знаат што е национално предавство? Па еве неколку примери! Национално предавство е: - да го смениш уставното име, без притоа да влезеш и во Европската Унија. - да прифатиш преговарачка рамка со вметнат втор протокол од меѓувладината седница со Бугарија. - да се согласиш бугарските историчари да ти бидат судии кои ќе кажат дали се исполнети бугарските барања, за Македонија да оди напред. - да ги вметнеш Бугарите во македонскиот устав, без овозможување основни човекови и малцински права за Македонците во Бугарија, барем согласно пресудите од Стразбур. - да ги смениш имињата во документите и на институциите, без притоа паралелно да ги отвораш поглавјата од преговорите за членство со ЕУ. - да ги смениш пасошите и другите лични документи, а повторно да мораш да чекаш на граници. - да им дадеш пасоши на стотици белосветски криминалци и мафијаши, а да немаш за сопствените граѓани. - да ја штитиш ЕУ од мигранти, кои влегуваат од ЕУ, а Брисел да те третира како мигрант. И не само тоа! Другар Филипче на ниво на национално предавство е и: - да молиш за донација од ковид вакцини додека граѓаните ти се имунизираат во соседните земји. - да профитираш од провизии и од вакцини и од респиратори за време на ковид пандемијата, а граѓаните да ти умираат во ходниците на јавното здравство. - да потпишеш изградба на неусловни модуларни болници, а 14 пациенти да ти изгорат живи во една од нив. - да ја направиш Македонија како Колумбија во Европа, по производство на нелегална марихуана. - да ги обвинуваш сите сопартијци кои не се согласуваат со тебе дека се вмровски платеници, а самиот си бил советник на вмро-вски министер. ПС Затоа, добро размисли кога му се обраќаш на овој напатен народ како да е ,,лоботомиран‘‘ (иако си неврохирург). Или пред да сториш уште некое национално предавство, можеби е време да го послушаш екс претседателот Пендаровски, да го запалиш моторот и да заминеш кај Заев - во мрачната македонска историја!

Go to News Site