Collector
Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа | Collector
Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа
Kajgana

Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа

Јокиќ го предводеше Денвер до 10-тата победа во низа НБА 2025/2026 Филип Здравески 09.04.2026 / 08:34 Кошарка Денвер ја забележа и десеттата победа во низа, но начинот на кој дојде до неа отвора повеќе прашања отколку што дава одговори. Нагетс го победија Мемфис Гризлис со 136:119 и ја продолжија серијата во последниот дел од регуларната сезона, но ова не беше натпревар што остава впечаток за целосна контрола врз настаните на паркетот. Контекстот беше јасен пред аутсајдерот. Денвер во подем, Мемфис со скратена ротација, без повеќето од своите редовни стартери и со играчи кои само добиваат минути преку десетдневни договори. Денвер беше голем фаворит, но на паркетот не ги оправда очекувањата. Наместо рутина, Денвер доби натпревар во кој мораше да реагира. 80TH GAME: Protected the wards #MileHighBasketball pic.twitter.com/AqGm2h6Mau — Denver Nuggets (@nuggets) April 9, 2026 Првата четвртина навести дека работите нема да одат во еден правец. Јокиќ и Мареј го отворија мечот со свое темпо, но Мемфис одговори со шут за три поени. Без преголем притисок врз топката и без агресивни ротации, Нагетс му дозволија на противникот да се разигра. Седрик Кауард и Тејлор Хендрикс веднаш пронајдоа ритам, а кога и другите се придружија, разликата не можеше да се направи. По 12 минути беше само 37:33, со чувство дека Денвер не го контролираше текот на играта. Проблемот ескалираше во втората четвртина. Клупата на Денвер целосно го испушти натпреварот од раце. Серијата од 20:4 на Мемфис не беше резултат на индивидуална инспирација, туку на распаѓање на системот: лоши одлуки во нападот, бавни враќања во одбраната и серија непотребни фаули. Во првите четири минути од тој период беа направени пет фаули, што дополнително отвори простор за гостите. Мемфис продолжи да шутира однадвор, конзистентно. 13-те тројки во првото полувреме не беа случајност, туку директен резултат на периметарската одбрана на Денвер. Во еден момент, се чинеше дека Нагетс чекаа играта сама да се смири, без никаков конкретен одговор. На полувреме резултатот гласеше 72:68 за гостите. Реакцијата, сепак, дојде веднаш по паузата. Третата четвртина беше најјасен показател за разликата во квалитетот помеѓу овие два тима. Денвер го зголеми интензитетот во двата правца, првенствено преку физичката игра на Арон Гордон. Нападите во длабочина донесоа лесни поени и го поставија тонот за четвртината. Кем Џонсон продолжи во ист ритам, користејќи го просторот во рекетот и завршувајќи ги акциите без компликации. Мареј ја презеде контролата врз темпото на играта, избирајќи ситуации кога да забрза, а кога да забави. Во овој период се вклучи и Тим Хардавеј помладиот, со неговите удари разликата почна да расте и да го крши натпреварот. Никола Јокиќ во тој период постигна уште еден трипл-дабл со 14 поени, 15 скокови и 10 асистенции, но поважен од самите бројки беше начинот на кој ја стабилизираше играта. Секој напад имаше структура, топката одеше таму каде што требаше, а Денвер застануваше во зависност од индивидуалните решенија. Тоа беше неговиот 198-ми трипл-дабл во кариерата и 89-ти пред крајот на третата четвртина. 89th time he's recorded a triple-double before Q4 pic.twitter.com/50PpuMoG6n — Denver Nuggets (@nuggets) April 9, 2026 Резултатот од овој пристап на Нагетс во остатокот од натпреварот беше јасен, третата четвртина ја добија со 39:22 и целосен пресврт. Со 107:94 пред последните 12 минути, прашањето за победникот повеќе не постоеше. За разлика од вториот период, втората петорка ја заврши работата без осцилации во последниот период. Предноста брзо порасна на над 20 поени, на лидерите во играта им беше даден простор за одмор, а натпреварот мирно беше доведен до крај. Мемфис го искористи максимално она што го имаше. Кауард постигна 27 поени, Хендрикс и Вилијамсон по 16, доволно за да предизвикаат проблеми, но не доволно за да го одржат натпреварот во рамнотежа. Кога шутирањето за три поени престана во второто полувреме, нивната шанса да останат изедначени исчезна. За Денвер, Мареј беше најдобар поентер со 26 поени, 7 скокови и 5 асистенции, и на тој начин, заедно со соиграчот Јокиќ, го предводеше тимот до десеттата последователна победа, што е прв пат во „ерата на Јокиќ“ Нагетс да победат во 10 натпревари по ред. Всушност, ова сега е најдолгата победничка серија на Нагетс од сезоната 2012/2013, кога победија во 15 натпревари по ред. На водечкото дуо на тимот му се придружи постојано подобрувачкиот Кем Џонсон, кој шутираше исклучително ефикасно - 8 од 12, и го заврши натпреварот со 18 поени. Remote video URL Денвер сега ја држи контролата врз борбата за третото место на Западот, а за да не зависат од никого, им требаат две победи за да ја потврдат таа позиција. Серијата од 10 последователни триумфи доаѓа во идеално време, но ваквите натпревари јасно покажуваат каде се границите што сè уште треба да ги поместат. Нагетс не победуваат совршено, но победуваат константно. Засега, тоа е доволно. Резултати: Кливленд Кавалирс - Атланта Хокс 122:116 Детроит Пистонс - Милвоки Бакс 137:11 Орландо Меџик - Минесота Тимбервулвс 132:120 Денвер Нагетс - Мемфис Гризлис 136:119 Сан Антонио Спарс - Портланд Треил Блејзерс 112:101 Лоа Анџелес Клиперс - Оклахома Сити Тандер 110:128 Финикс Санс - Далас Маверикс 112:107 Табела: Никола Јокиќ НБА Денвер Нагетс Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site