Kurir
Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. Резултати на другите НБА-натпревари одиграни ноќта среда кон четврток: Кливелнд- Атланта 122:116 Детроит – Милвоки 137:111 Орландо – Минесота 132:120 Сан Антонио – Портланд 112:101 ЛА Клиперс – Оклахома 110:128 Феникс – Далас 112:107. Оклахома е прва во Западната конференција со ефект 64-16 (победи-порази), Детроит е лидер на Исток со 58-22. (МИА)
Go to News Site