Collector
Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал | Collector
Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал
Kajgana

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал Александра Спасеска 09.04.2026 / 11:07 Култура Шестото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот 7 до 9 мај во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во „Буква“. На настаните ќе се претстават безмалку стотина поети од земјава и од странство. Ќе има гости од Кина, од Хрватска, од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија, од Бугарија и од Црна Гора. Мотото на годинешниот фестивал е „(СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! (Поезија, политика, пропаганда...). Со ова мото организаторите сакаат да ја одбележат 100-годишнината од раѓањето на Ален Гинзберг и да покажат колку неговата поезија е податлива за толкување и на денешните состојби во светот. Автор на постерот е Андреј Павлов. Официјалното отворање е закажано за 7 мај во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, на кое ќе настапат деветмина поети и поетеси, меѓу кои и младата поетеса Деспина Сиљаноска што беше одбрана за најдобра од дванаесетмината што настпија на „Отскочна даска #5“ ‒ преднастан на фестивалот наменет за млади поети, а по ова прво интернационално поетско читање ќе следува поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора. Следниот ден програмата ќе продолжи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, каде што ќе се одржи „Поетот е присутен“, настан од затворен карактер, на кој дел од поетите учесници на фестивалот ќе читаат за малубројна публика што претходно ќе биде избрана по повик; потоа ќе следува и настанот „Диптих #6“ на кој ќе бидат претставени две изданија на „ПНВ Публикации“, избор песни од авторките Гонџа Озмен од Турција и Кристина Шпиранец од Хрватска, а потоа ќе следува уште едно интернационално поетско читање на кое ќе настапат десетмина поети и поетеси. На последниот ден на фестивалот, 9 мај, настаните ќе се одржат во „Буква“. Публиката ќе има можност да проследи уште две промоции на книги, едната е избор песни од поетесите Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора во издание на „Култура Бета“, а другата е стихозбирката „Тускулум“ од Денис Шкофич од Словенија, издание на „ПНВ Публикации“. По промоциите ќе следува интернационалното поетско читање „THE VERSE CITY/DIVERSITY (Диверсити)“ на кое ќе настапат петнаесетмина поети и поетеси. По ова читање ќе следува и забава за крај на фестивалот. Но пред сите овие збиднувања, како еден од преднастаните на фестивалот, на 7 мај, од 18:00 часот во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на поетската панорама што по повод минијубилејот ‒ 5 години „Отскочна даска“, ја подготви „ПНВ Публикации“ и во која ќе бидат застапени песните на сите шеесет и шест досегашни учесници на овој настан наменет за млади. Книгата ќе биде промовирана со читање на сите млади автори застапени во панорамата. Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и туризам, Традуки и Град Скопје, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје,  „Буквa“, „ПНВ Публикации“, „Култура Бета“ и хотел „Цара 1928“. Во прилог е програмата во целост. 6. СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ 2026 Г. Програма Преднастан 07.05 | Младински културен центар ‒ Скопје ⤿ 18:00 | Кино „Фросина“ >> Промоција на панорамата „Пет години ’Отскочна даска‘“ со поетски настап на песедетина млади поети. Учесници: Марија Алексовска, Андреј Анѓеловиќ, Викторија Ангеловска, Надица Банишка, Ангела Бошкоска, Елеонора Брајковска, Марија Велинова, Сања Василева, Сара Ѓорѓијоска, Сатја Александар Давитков, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Софија Добревска, Селин Есад, Дамјан Златановски, Кире Џотов, Лука Иванов, Моника Ивановска, Христијан Илиевски, Марија Јанчевска, Анамарија Јанкова, Ивана Јовановска, Дарија Јовановска, Макрина Јорданова, Марко Иван Кочишки, Андреј Медиќ Лазаревски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Јане Моневски, Милена Неделковска, Иван Николов, Ива Петреска, Љубица Петровска, Филипа Сара Попова, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Павлинка Ристова, Борис Симоновски, Деспина Сиљаноска, Милена Сиљаноска, Елена Соколоска, Стефан Спасовски, Бојана Спасовска, Даница Среткоска, Пепи Стамков, Сара Стојановска, Методија Тасевски, Теодор Тасевски, Софија Тодороска, Дарија Трендафилова, Ива Шајноска, Ана Шапкарова, Ели Шапкарова и Карла Шкрлец. Водители: Викторија Ангеловска и Марија Велинова. ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА 07.05 | Младински културен центар ‒ Скопје ⤿ 20:00 | Кино „Фросина“ >> (СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! ‒ Официјално отворање на 6. СПФ Ќе читаат: Шји Чуан (Кина), Елизабета Баковска (Македонија), Денис Шкофич (Словенија), Гонџа Озмен (Турција), Иван Џепароски (Македонија), Кристина Шпиранец (Хрватска), Зоран Анчевски (Македонија), Хајри Хамадан (Бугарија/Палестина) и Деспина Сиљаноска (Македонија). Водители: Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Ангеловска. ⤿ 21:30 | Кино „Фросина“ >> „Другиот (не) сум јас“ ‒ поетско-музички перформанс на Марија Вујошевиќ и Барбара Делаќ од Црна Гора. 08.05 | Младински културен центар ‒ Скопје ⤿ 18:00 | МКЦ: ПОЕТОТ Е ПРИСУТЕН: настан од затворен тип на кој ќе читаат дел од поетите гости на фестивалот пред малубројна публика што ќе се избере по повик) ⤿ 19:30 | Бифе МКЦ: Диптих # 6 со Гонџа Озмен (Турција) и Кристина Шпиранец (Хрватска) Промоција на поетските книги „Се случуваат вакви работи“, избор песни од Гонџа Озмен во препев од турски и од англиски на Звонко Димоски и „Зад срцето“,  избор песни од Кристина Шпиранец во препев од хрватски на Јулијана Величковска, изданија на „ПНВ Публикации“, Скопје. Промотор и модератор: Јулијана Величковска. ⤿ 21:00 | Кино „Фросина“ >> (СО) СТИХ СПРОТИ НАРАТИВ! #2 Ќе читаат: Јоргос Писанис (Грција), Виолета Танчева-Златева (Македонија), Хелена Земљич (Словенија), Бранко Цветкоски (Македонија), Арлинда Бафтиу (Македонија), Оливера Андоноска (Македонија),  Барбара Делаќ (Црна Гора), Сеида Бегановиќ (Македонија), Марија Костиќ (Србија) и Марија Вујошевиќ (Црна Гора). Водители: Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Ангеловска. 09.05 | „Буква“ ⤿ 19:00 >> Промоција на избор песни од Барбара Делаќ (Црна Гора) и Марија Вујошевиќ (Црна Гора), издание на „Култура Бета“, Скопје. Промоторки: Марија Велинова и Ангела Бошкоска. ⤿ 20:00 >> Промоција на стихозбирката „Тускулум“ Денис Шкофич (Словенија) во препев од словенечки на Драгана Евтимова, издание на „ПНВ Публикации“. Промотор и модератор: Јулијана Величковска ⤿ 21:00 >> THE VERSE CITY/DIVERSITY („Диверсити“) Ќе читаат: Кристина Шпиранец (Хрватска),  Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Бугарија/Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, Дејан Трајковски, Александра Јуруковска, Тони Попов, Андреј Медиќ Лазаревски, Марија Ангеловска и Ана Тодоровска (Македонија). Водители: Викторија Ангеловска и Марија Велинова. ⤿ 22:30 >> Проштална забава за крај на фестивалот. Скопски поетски фестивал Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site