Kurir
Министерот за одбрана Владо Мисајловски за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, во Пентагон оствари средба со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман. На средбата беше потврдено дека стратешкото партнерство и соработката во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. Ова претставува цврста основа за нивно понатамошно продлабочување, унапредување и дополнително зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави, во интерес на регионалната и глобалната безбедност, објави министерот Мисајловски. Министерот за одбрана, изрази благодарност за досегашната поддршка, која има значајна улога во развојот и модернизацијата на македонските одбранбени капацитети, како и во зајакнувањето на нашата подготвеност и интероперабилност со сојузниците. За време на работната посета на Соединетите Американски Држави, во Пентагон остварив средба со помошникот секретар за... Posted by Vlado Misajlovski on Thursday, April 9, 2026
Go to News Site