Collector
Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа | Collector
Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа
Kajgana

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа

Невиден подвиг: Има клуб кој штотуку стигна до својата 100-та последователна победа Филип Здравески 09.04.2026 / 11:53 Фудбал Фудбалот во Туркменистан дефинитивно не е меѓу најквалитетните што можете да ги најдете во Азија, но дефинитивно е уникатен во светот поради подвигот што го постигна клубот Аркадаг, за кој неодамна пишувавме поради начинот на кој функционира. Со победа од 7:1 над Мерв во првото коло од новата сезона, Аркадаг постигна неверојатен подвиг од 100 последователни победи во својата земја. Аркадаг од Туркменистан штотуку постигна уникатен подвиг во светскиот фудбал. Победија на 100 последователни натпревари во туркменистанскиот фудбал. Всушност, тие никогаш немаат останато без победа на национално ниво. Аркадаг има победено на секој лигашки натпревар во својата историја. Нивната прва сезона беше во 2023 година, кога победија на 24 од нивните 24 натпревари. Следната година победија 30 од 30, а во 2025 година 28 од 28. Сезоната 2026 ја започнаа со победа од 7:1 над Мерв. Ако се прашувате од каде дојдоа другите 17 победи, тие беа во Купот на Туркменистан. Тие исто така победија на секој натпревар во Суперкупот и ТФФ купот, но ако ги броиме само лигашките и куп натпреварувањата, имаат точно 100 победи. Корените на успехот на Аркадаг лежат во идентитетот на нивниот основач, Гурбангули Бердимухамедов, поранешниот владетел на Туркменистан. само име Аркадаг во превод значи „заштитник“, како што е познат Бердимухамедов. Откако даде зелено светло за изградба на „паметен град“ на југот од земјата, чија изградба чинеше 5  милијарди долари (проценките варираат), одлучи дека му е потребен фудбалски клуб. И така, Аркадаг беше основан на 1 април 2023 година. Веднаш ги собраа сите најдобри туркменски таленти од лигата каде што нема странци, купувајќи клучни играчи од нивните ривали. А, навивачите на другите клубови ги обвинија за местење натпревари, наводно убивајќи го интересот за спортот во земјата. За разлика од домашните натпреварувања, Аркадаг игра и на континентални првенства во Азија и не е толку успешен. Секако, ова е потврда за понискиот квалитет на туркменскиот фудбал. На пример, кога неговата победничка серија беше 61 меч, Аркадаг играше против кувајтскиот Ал-Араби во групната фаза од азиската Челинц лига, трето по ранг натпреварување. Загуби со 3:2, со што му заврши серијата на светско ниво. На крај сепак стигна до финалето и го освои натпреварувањето. Аркадаг неодамна одигра двомеч против саудискиот Ал Наср во осминафиналето за азиската Лига на шампиони 2 (второ ниво), а на крајот Саудијците ги добија двата натпревари со по 1:0. Претходно во групната фаза загуби и од бахреинскиот клуб Ал-Халдија со 2:0. Рекордот од 61 меч без пораз во светски рамки и тоа како го надминува рекордот на саудискиот Ал Хилал од 34 натпревари. Но, и покрај рекордите, туркменскиот клуб не е влезен во Гинисовата книга на рекорди. Ова се должи на големите прашања за регуларноста на натпреварувањето, прашањате за управувањето со лигата, интегритетот на натпреварите и монополизацијата на талентите во домашното првенство. Во април 2025 се чинеше дека на непобедливоиста на Аркадаг во домашната лига ѝ дошол крајот бидејќи на апликациите за резултати светкаше 0:0 против слабиот Копетдаг Ашгабат. Но, 24 часа подоцна резултатот беше апдејтиран во победа од 3:1. Нешто слично се случи и во септември кога стоеше конечен резултат 1:1 дома против Ахал, за по 24 часа да стане победа од 4:1. Доминацијата на Аркадаг во Туркменистан е толку голема што најгфолемиот број на играчите во репрезентацијата доаѓаат токму од овој клуб. И како не би кога Аркадаг цело време ги собира најдобрите. На пример, од 24 повикани играчи за ЦАФА Купот на нации во 2025 година дури 18 беа од Аркадаг. Аркадаг Туркменистан Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site