Collector
Дали ќе поевтинат автомобилите? | Collector
Дали ќе поевтинат автомобилите?
Kajgana

Дали ќе поевтинат автомобилите?

Дали ќе поевтинат автомобилите? Александра Спасеска 09.04.2026 / 11:44 Авто новости Кина е еден вид бојно поле каде што се судираат повеќе од 150 производители на автомобили. На крајот, сè се сведува на жестока ценовна војна, односно големи попусти и неизвесност на пазарот. Имено, прашањето е кој ќе го преживее овој хаос и кој може да издржи подолго без сериозни заработки. Сепак, ако го слушаме извршниот директор на Volvo, истиот тренд би можело да се прошири на европскиот континент и на пазарот. „Да, веројатно можете да сметате на тоа. Бидејќи има повеќе понуда отколку побарувачка. Тука во Европа постои голема можност да видиме многу нови Кинези“, вели извршниот директор на Volvo Cars, Хокан Самуелсон. Тој забележува дека компаниите можеби ќе мора да ги намалат цените и во Европа: „Но, тоа можете да го комбинирате и со намалување на трошоците.“ Жестоката кинеска конкуренција во Европа би можело да предизвика ист тренд како во Кина. На почетокот, клиентите можеби ќе бидат задоволни, но ова би можело да резултира и со неизвесност во европската автомобилска индустрија, која, за да се користи медицинска терминологија, не е во најдобра здравствена состојба. Дали европските производители како Volkswagen, Renault, Peugeot, Fiat, Škoda... но и Toyota, Hyunda и Kia ќе бидат вовлечени во ценовна војна? Времето ќе покаже, единственото сигурно е дека по BYD, MG, Lepamotor..., бројот на кинески производители на европскиот пазар ќе расте. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site