Collector
Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот? | Collector
Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?
Kajgana

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот?

Што ќе се случи со ликот на Ангус Клауд во Euphoria по смртта на актерот? Александра Спасеска 09.04.2026 / 13:19 Филм & ТВ Сеќавањетп на актерот Ангус Клауд продолжува да живее, а неговиот лик Феско неочекувано ќе се врати во третата сезона на серијата Euphoria, чија премиера на HBO е на 12 април. Речиси три години откако актерот почина од случајно предозирање на 25-годишна возраст, креаторот на серијата Сем Левинсон откри како решил да се справи со трагичната загуба во рамките на приказната што го освои светот. „Го сакав Ангус толку многу и се борев толку напорно да биде 'чист' додека беше со нас“, рече Левинсон во неодамнешно интервју за The Hollywood Reporter. „Не можев да го одржам жив во реалниот живот, но можев да го одржам неговиот лик, Феско, жив во серијата. Го одржав жив, а ликот имаше одличен развоен пат. Мислам дека би бил многу горд на тоа.“ Левинсон откри дека се зближил со Ангус пред неговата смрт и често го канел кај него за да разговараат за иднината на ликот и да му даде мотивација да се грижи за себе. „Ќе му се јавев и ќе му кажев за плановите за неговиот лик“, изјави тој за The New York Times. „Ќе му кажев: „Види, тој беше во затвор неколку години, па треба да ја зголемиш 'затворската' мускулна маса“. Сакав да почне да вежба.“ Шоуранерот призна дека првично планирал Феско да умре на крајот од првата, а потоа и од втората сезона, но „едноставно не можев да го направам тоа“. „Сакав да има нешто за што да се држи, опиплива цел за иднината“, објасни тој. „Кога ја слушнав веста дека починал, бев многу лут, особено поради фентанилот.“ View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Неговиот заштитнички став произлегува и од неговото сопствено искуство, бидејќи самиот се борел со зависност во доцните тинејџерски години. Затоа му обезбеди на Ангус и тренер за рехабилитација на снимањето. „Причината зошто сум тука денес е затоа што некој во мојот живот ми даде втора шанса“, рече Левинсон. „Сакав да го направам истото за него и за секој што се бори со зависност.“ Remote video URL Euphoria Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site