Kajgana
Марсеј го смени препознатливото лого, навивачите гневни Филип Здравески 09.04.2026 / 13:32 Фудбал Фудбалскиот клуб Марсеј го промени своето лого, а новиот дизајн не им се допаѓа ниту на навивачите, ниту на фудбалските фанови. Олимпик Марсеј ги шокираше и своите навивачи и љубителите на фудбалот ширу светот. Одлучи да го промени своето добро познато лого и да го редизајнира. Новото лого е такво што е тешко да се погоди за кој клуб станува збор, а камоли дека е еден од најпознатите француски тимови. ????? ???? ??????? ???????. ????? ?????? ?????? ?? ??? ???????. ??? ?????? ???????. ??? ??????? ??????? ???????. pic.twitter.com/d3o9mmshWY — Olympique de Marseille (@OM_Officiel) April 8, 2026 Промената е потврдена на официјалните профили на социјалните мрежи и има малку позитивни коментари. Тешко е да се препознае добро познатата буква „М“ по која клубот беше светски познат. Повеќето коментари се негативни и малкумина мислат дека ова бил добар потег. Впрочем, видете сами како изгледа новиот амблем на познатиот клуб. Marseille’s new logo pic.twitter.com/lfVaVhQ2re — Ligue 1 English (@Ligue1_ENG) April 8, 2026 „Нема шанси!!! Марсеј не е модерен, туку е олд скул! Сакаме играчи кои смрдат на пот! Го сакаме Биелса, сакаме убавина, а не совршенство!“, вели еден коментар. Марсеј моментално е на четвртото место со 49 бодови, еден бод зад третопласираниот Лил, а во преостанатите седум кола ќе има голема борба за место во Лигата на шампионите, бидејќи петтопласираниот Монако има 49 бодови, Лион има еден помалку, а Рен два помалку. ?????́ ???? ?? ????????, ???????? ??? ?’????????, ????̧? ???? ??????? ??? ?????. pic.twitter.com/kPaqEJo7Q8 — Olympique de Marseille (@OM_Officiel) April 8, 2026 Марсеј ново лого Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site