Kajgana
Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките Филип Здравески 09.04.2026 / 15:10 Фудбал Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов, го соопшти списокот на фудбалерки што ќе бидат во комбинација за двата квалификациски натпревари против Унгарија. Фото: ФФМ На списокот се 23 фудбалерки, меѓу кои неколку нови имиња, но и повратнички кои отсуствуваа од собирот во март. Македонија прво на 14 април (вторник) во Битола ја пречекува Унгарија, а потоа на 18-ти (сабота) во Фелчут ѝ гостува на Унгарија. Натпреварите се во рамките на Лига Ц група 3 од квалификациите за Мундијалот 2027. По две одиграни кола Македонија има 3 бода откако ја совлада Андора, додека запиша пораз од Азербејџан. Голманки : Евгенија Вељановска - Скопје 2014 Викторија Пачурова - Тиверија Брера Берна Кабакчи - Олимпиа Бохолт (Германија) Одбрана : Слаѓана Ѓорѓиева - Тиверија Брера Ане Бошевска - Тиверија Брера Павлинка Николовска - Тиверија Брера Мила Панева - Скопје 2014 Елена Панеска - Мура (Словенија) Ива Јовановска - Љуботен Катерина Петкова - Спартак Суботица (Србија) Рабиа Дервиши - Скопје 2014 Лора Сулејмани - Сен-Дени (Франција) Среден ред : Теона Галабовска - Тиверија Брера Билјана Панеска - Тиверија Брера Хава Мустафа - Љуботен Александра Марковска - Љуботен Ева Величковска - Љуботен Мелани Цветковиќ - Цирих (Швајцарија) Бојана Петкова - Полонија (Полска) Шќипе Салији - Хајзен (Германија) Напад : Јована Павловска - Ас Јунајтед Меланија Гроздановска - Љуботен Илза Максути - Љуботен Собирот на репрезентативките е в петок (10 април) во Охрид. Македонија ж фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off
Go to News Site