Collector
Над 50 семејства добија помош: Кисела Вода со хуманитарна акција во духот на солидарноста | Collector
Над 50 семејства добија помош: Кисела Вода со хуманитарна акција во духот на солидарноста
Kurir

Над 50 семејства добија помош: Кисела Вода со хуманитарна акција во духот на солидарноста

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска , информираше дека денеска, во соработка со Отец Оливер и хуманитарната организација „Св. Спас“, била реализирана хуманитарна акција за поддршка на ранливи семејства. Како што објави на социјалните мрежи, во рамки на акцијата биле поделени повеќе од 50 пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена на семејства кои се соочуваат со социјални и економски потешкотии. „Овие пакети не се само материјална помош, туку и симбол на христијанската љубов и грижа. Тие се порака дека никој не е сам и дека заедницата стои зад оние на кои им е најпотребна поддршка“, наведува Стаменкоска-Трајкоска. Од Општината посочуваат дека ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднина, со цел да се обезбеди континуирана помош за најранливите категории граѓани.

Go to News Site