Kurir
Безбедносните мерки во главниот град на Пакистан се подигнати на највисоко ниво во пресрет на планираните преговори меѓу претставници на Иран и на САД, со цел изнаоѓање решение за војната на Блискиот Исток. Пакистан во изминатите месеци се етаблира како клучен посредник меѓу Техеран и Вашингтон. Се очекува преговорите во Исламабад да започнат денеска со дискусии на експертско ниво, кои ќе служат како подлога за главната средба закажана за утре. Пакистанските власти најавија дека разговорите можат да продолжат и в недела, доколку биде потребно. Илјадници припадници на полицијата, војската и паравоените сили се распоредени за обезбедување на преговорите. Владата прогласи неработен ден за да се ограничи движењето на граѓаните, а „црвената зона“, во која се наоѓаат владините згради и странските амбасади, е целосно блокирана. Преговорите ќе се одвиваат во хотел со висок степен на безбедност, кој е испразнет од други гости. Истовремено, пакистанските власти ги олеснија визните процедури за влез на странските делегации и новинарските екипи кои ќе го следат овој настан.
Go to News Site