Kajgana
Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо Александра Спасеска 11.04.2026 / 12:20 Тенис Откако со години следеше строга диета базирана на растенија, Новак Ѓоковиќ повторно јаде месо. Иако многумина на почетокот се сомневаа во информацијата, прво ја потврди неговиот пријател Семир Османагиќ, кој изјави дека најдобриот тенисер на светот јаде месо веќе година и пол, а потоа се појавија сведоштва од келнери од ресторани што ги посетил. Според нив, Ѓоковиќ нарачал пилешко, а некои угостители тврдат дека јадел и ќебапи за време на престојот во Сараево. Имено, Новак Ѓоковиќ застанал во сараевската ќебапчилница „Жељо“ пред натпреварот помеѓу Босна и Италија за Светското првенство. View this post on Instagram A post shared by Ćevabdžinica Željo Since1968 (@zeljo_cevabdzinica_since1968) Години строга дисциплина Оваа промена претставува голема промена во однос на исхраната на која Ѓоковиќ се придржувал со години. Откако го елиминирал глутенот, а потоа и шеќерот, неговата доминација во светскиот тенис започнала во 2011 година. Со години бил познат по избегнувањето месо, а неговата исхрана била толку строго контролирана што, на пример, не јадел чоколадо година и пол. Дури откако го освои Австралија Опен во 2012 година, си дозволил едно чоколадо. „Сакав само едно: да пробам чоколадо. Немав пробано од летото 2010 година. Милјан ми донесе чоколадо, скршив мало парче, и го ставив во уста. Го оставив да ми се стопи на јазикот. Тоа беше сè што можев да си дозволам. Тоа е она што е потребно за да станеш број еден“, рече Ѓоковиќ во тоа време. Став за веганска исхрана Иако многумина го сметаа за веган, Ѓоковиќ еднаш го разјасни својот режим на исхрана на Ролан Гарос. Во тоа време, тој нагласи дека не е веган, туку дека неговата исхрана главно се базира на растителна храна, и дека јаде риба и јајца како извор на протеини. „Постојат многу извори на протеини во исхраната базирана на растенија, иако многу луѓе знаат само за месото, кое е речиси неопходна храна во нашата култура. Во август 2015 година, решив да престанам да јадам месо. Имам свои причини, и етички и здравствени. Не сакам да се вратам на месото или да подлегнам на тој притисок. Луѓето кои не се доволно информирани извлекуваат погрешни заклучоци. Слушнав дека некои дури велат дека сопругата ми забранува да јадам месо, а таа самата го јаде“, рече тој во тоа време. Правилата за исхрана на Ѓоковиќ Денот на Ѓоковиќ започнуваше со чаша млака вода со лимон, проследена со сок од целер на празен стомак. Потоа пиеше зелено смути со алги, овошје и додатоци во исхраната. Тој призна дека во првиот дел од денот јаде многу овошје и салата и избегнува храна чија сварливост бара повеќе енергија. Најчесто јадел житарици како киноа, див ориз и просо, како и слатки компири и компири, претежно варени на пареа. Пред неколку години, тој ја заинтригирал јавноста и со практиката на повремен пост, односно периоди во кои не јаде до 16 часа. Неговите правила се темелеле на избегнување на глутен и млечни производи, намалување на внесот на шеќер и исхрана богата со зеленчук, мешунки, риба, јаткасти плодови и семки. Целосно го елиминирал црвеното месо, а поголемиот дел од менито било растителна храна. Секогаш пиел чаша млака вода веднаш по станувањето и темелно ја џвакал храната за подобро варење. Новак Ѓоковиќ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site