Kurir
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот во Влада. -Чувствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста како Влада дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите се разбира се вклучени и пресметките се со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Исогласно тие пресметки коишто ги направивме во текот на вчерашниот ден одкако берзите затворија, и одкако ги изанализиравме движењата на нафтата и нафтениете деривати на берзите во изминатата недела, направивме калкулација и прасметка и врз основа на истата очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со која што ќе имаме намалување на цените на дизел горивото, односно на бензините и тоа: Евросуперот 95 и Евроспуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари, изјави премиерот Мицкоски. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=EZHW8G7d28I[/embed] „Очекуваме регулаторната комисија да донесе одлука со која ќе има намалување на цените, што значи дека бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари“, изјави Мицкоски. Тој нагласи дека во овие пресметки не се вклучени дополнителните попусти што ги даваат одредени компании, со што реалните цени би можеле да бидат и пониски. Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно, и покрај зголемената потрошувачка која, според него, во одредени денови достигнува и до 30 проценти повеќе од просекот. Според Мицкоски, Владата ќе продолжи со политики за ублажување на ценовните шокови, при што најави и понатамошни анализи и можни мерки во периодот што следи.
Go to News Site