Collector
Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут | Collector
Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут
Kajgana

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут Александра Спасеска 11.04.2026 / 12:53 Свет Кина претстави компактно електромагнетно оружје во облик на пиштол, дизајнирано да ги онеспособи целите без смртоносна моќ, доколку е потребно, или да ослободи значително поголема сила. За разлика од класичното огнено оружје, овој уред речиси и да не произведува бучава, нема блесок при пукање, нема чад и не остава празни чаури зад себе. Се вели дека може да испука помеѓу 1.000 и 2.000 куршуми во минута, што е далеку побрзо од повеќето пиштоли или автоматски пушки. Наместо барут, ова оружје користи магнетна сила за испукување метални проектили. Футуристички пиштол со цевка долга 30 см и е доволно лесен за да се ракува со една рака. Покрај тоа, е опремен со ласерски нишан. Оружјето користи серија електромагнетни калеми во цевката за да ги забрза малите челични проектили до големи брзини. Кинеските државни медиуми го опишуваат како „помалку смртоносен пиштол“ бидејќи операторот може самостојно да го прилагоди нивото на моќност. При пониски поставки, дизајнирано е да собори или онеспособи лице со тап удар без да се ризикува животот, што го прави погоден за полиција, контрола на толпа или тајни операции. При посилни поставки, потешките метални проектили можат да пробијат дрвени панели од десетици метри оддалеченост и да нанесат значително поголема сила. Ваквите оружја се наменети за употреба во борбите во згради, на улиците или во други затворени простори. Кина Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site