Collector
11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба | Collector
11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба
Kajgana

11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба

11 април 1814, Наполеон абдицирал и заминал во егзил на Елба Teaser Media Наполеон-по-абдикација.jpg Филип Здравески 11.04.2026 / 13:27 Images Наполеон-12344 (5).jpg Наполеон Бонапарта во 1806.jpg Наполеон-пред-Москва-во-пламен.jpg Napoleons_retreat_from_moscow.jpg Наполеон-абдикација.jpg Наполеон-12344 (1).jpg Montfort_-_Adieux_de_Napoleon_a_la_Garde_imperiale.jpg Tuscan_archipelago_es.svg_.png Наполеон-си-оди-од-Елба.jpg Наполеон-Елба-враќање.jpg Наполеон-се-враќа-во-Франција.jpg Наполеон-Бонапарта-1111.jpg На денешен ден францускиот император и еден од најголемите воени лидери во историјата, Наполеон Бонапарта, абдицирал од тронот и според Договорот од Фонтенбло бил протеран на островот Елба во Медитеранот. Две години претходно, мислејќи дека Русија кова заговор за таен сојуз со Англија, Наполеон извршил инвазија врз Русија која на крајот се покажала како негова најголема грешка. Французите заглавиле во тешката руска зима, изгубиле голем број на војска, а Наполеон скршен од големиот пораз понудил да го ослободи престолот за на него да дојде неговиот син, понуда која не била прифатена. Поради тоа тој се решил за абдикација, по што веднаш бил протеран на островот Елба. Таму останал 11 месеци бидејќи во март 1815 избегал, се вратил во Париз, ги собрал неговите поддржувачи и повторно станал император во период познат како Стоте дена бидејќи веќе во јуни истата година поразот во Битката за Ватерло го натерал по вторпат да абдицира. Починал на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена во Атлантикот, каде бил држен во заточеништво. Category Вести Tags на денешен ден Наполеон Франција Author/Source Ф.З. Content appears in Metro Off Фотки или галерија

Go to News Site