Collector
Опожарени три возила на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени | Collector
Опожарени три возила на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
Kurir

Опожарени три возила на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени

Три возила се опожарени ноќеска на подрачјето на Бит Пазар, соопшти МВР. -На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „бмв“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Go to News Site