Collector
Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер | Collector
Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер
Kurir

Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер

Американски и ирански претставници денеска во Исламабад одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф пред мировните преговори. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер. Шариф изрази надеж дека разговорите ќе послужат како чекор кон траен мир во регионот, според соопшти кабинетот на пакистанскиот премиер. Претходно, се одржа состанок меѓу иранската делегација и Шариф, јави Би-Би-Си. Извор од пакистанската влада изјави за Би-Би-Си дека премиерот Шариф се сретнал со иранската делегација за време на ручекот. Како и во претходните преговори, можно е пакистанските претставници да се состануваат наизменично и одделно со членовите на делегациите за да утврдат дали може да се постигне напредок по различни точки од предлозите на двете страни.

Go to News Site