Collector
Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут | Collector
Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут
Kurir

Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут

Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал им приреди непријатно изненадување на своите навивачи со поразот денеска од Бурнемут од 2:1 на домашен терен. Со поразот Арсенал остана на +9 во однос на второпласираниот Манчестер Сити, но со два натпревара повеќе и следното коло има гостување кај Манчестер Сити. Гостите во два наврати водеа. Првиот гол го постигна Ели Жуниор Крупи во 17.минута, а Арсенал изедначи од пенал во 35.минута. Стрелец на голот беше Виктор Ѓокереш. Гостите во вториот дел беа подобрата екипа на теренот и по една одлична акција во 74.минута Алекс Скот ја донесе победата. Тимот на Бурнемут има серија од 12 натпревари без пораз во Премиер лигата, а притоа ја прекинаа серијата од пет нерешени натпревари. Последниот пораз го имаа на домашен терен токму од Арсенал на 3.јануари. (МИА)

Go to News Site